Од ковид-19 почина и расчинетиот владика на СПЦ, Артемије
Поранешниот владика починал во амбулантното возило за време на транспортот до Белград.
Расчинетиот епископ на СПЦ рашко-призренски и косовско-метохиски Артемије, почина денеска на 85-годишна возраст. Како што дознава Н1, тој неодамна се пријавил во болницата во Валево поради срцеви проблеми, но неодамна дошол со влошена здравствена состојба, по што му била дијагностицирана пневмонија и денеска бил испратен во ковид-болницата „Драгиша Мишовиќ“ во Белград.
Поранешниот владика починал во амбулантното возило за време на транспортот до Белград.
Епископот Артемије во 2010 година беше расчинет и сменет од Синодот на Српската православна црква поради скандал со финансиско и материјално управување со рашко-призренската епархија, а во 2015 година беше протеран од црквата, потсетува Радио КиМ.
Артемије потоа ја формираше рашко-призренската епархија во егзил. Живееше во манастирот Шишатовац на Фрушка гора.