Од ковид-19 куртули најстарата прилепчанка, 85-годишната баба Елена
Пред да ја земе отпусната листа, 85-годишната баба Елена посакала да се фотографира со дел од медицинските сестри, лекари и други од инфективното одделение, коишто се грижеле за нејзиното здравје.
Елена Макалоска, најстарата прилепчанка којашто се лекуваше од коронавирусот во Општата болница во својот град, успешно е излекувана од опасната болест и денеска си замина дома. Пред да ја земе отпусната листа, 85-годишната баба Елена посакала да се фотографира со дел од медицинските сестри, лекари и други од инфективното одделение, коишто се грижеле за нејзиното здравје.
Вработените ја објавија убавата вест на Фејсбук профилот на болницата. Посакуваме што повеќе вакви вести.