Од коронавирусот почина диџеј Ицко од „Антена 5“ радио

5,993

Ристо Меловски (48), познат како диџеј Ицко од „Антена 5“ радио почина после долго боледување од коронавирусот.

Како што пишуваат одредени медиуми, Меловски (48) подолго време бил хоспитализиран, но за жал, не успеа да ја добие битката со коронавирусот.





Повеќе од 10 години е дел од „Антена 5“ радио.

Колегите и пријателите на Меловски уште утрово, споделувајќи фотографии со познатиот диџеј, се простуваат од него во тага и неверување.

Диџеј Ицко зад себе ги остави сопругата и двете деца.

Поврзани содржини