Од коронавирус почина свештеникот кој тврдеше дека Господ е поголем од вирусот и држеше миси ВИДЕО

1,029

Свештеникот Џералд О. Глен од Вирџинија почина од коронавирус, откако одржа миса на која присуствуваа бројни верници и во текот на која тој изјави дека Бог е поголем од застрашувачки вирус, пишува Ен-би-си Њуз.

Евангелистичката црква ,,Ново Спасение“ во која служеше потврди дека бискупот Џералд О. Глен, пастор и основач на црквата, починал ден пред Велигден, од последици од заразата со коронавирусот.






– Отецот Глен беше драг пријател и духовен водач. На сите ќе ни недостасува – порачале тие.

За Глен американските медиуми известуваа и пред неговата смрт, бидејќи тој гордо емитуваше директен пренос од мисата на интернет и се фалеше дека успеал да собере повеќе од десет луѓе на маса.

Следниот ден Вирџинија прогласи забрана за собирање на повеќе од десет луѓе, но веќе порано ги предупреди луѓето да одржуваат дистанца.

Сопругата на свештеникот е исто така позитивна за коронавирусот, а нивната ќерка рекла дека во почетокот не ја сфаќале сериозно неговата болест.

„Не беше невообичаено да се разболи. Тој честопати се заболуваше од вируси и имаше температура. Кога неговата состојба се влоши, мајка ми го однесе во болница, каде беше и задржан“, рекла таа.

 

Поврзани содржини