Од коронавирус почина легендарниот српски актер Власта Велисављевиќ

655

Српскиот актер, Властимир Власта Велисављевиќ почина денеска на 94 година возраст по компликации од коронавирус, јавува српскиот портал „Ало“.

Велисављевиќ бил хоспитализран пред неколку дена поради сиптоми на ковид-19. Актерот храбро се борел со вирусот, но како што медиумите неофицијално дознаваат, по неколку дена кои ги поминал во индуцирана кома, денеска починал.






Велисављевиќ беше југословенски и српски театарски, телевизиски и филмски актер кој на сцената беше присутен повеќе од 70 години, остварувајќи се во повеќе од 350 улоги.

Минатото лето тој наполни 94 години и со тоа стана најстариот активен српски актер.

 

Поврзани содржини