Серџо Роси, основачот на истоимената модна куќа за производство на луксузни чевли, почина на 85-годишна возраст од последиците на коронавирусот, објави градоначалничката на Сан Мауро Пасколи.
Претприемачот бил хоспитализиран во болница во северна Италија, а починал синоќа.
– Неговата смрт е огромна загуба за нашата заедница – рекла Лусијана Гаргулија, градоначалничка на општината со 47.000 жители.
Легендарниот дизајнер и претприемач создаде работни места за голем број жители во неговиот роден град, во кој производството го започнал во 1951 година. Во видеопораката, градоначалничката изразила жалење поради тоа што поради мерките за изолација неговите сограѓани и властите не можеле да му оддадат почест на претприемачот.
Сепак, Сан Мауро Пасколи, ја одреди недела како ден на жалост за општината. Во 1999 година, групацијата „Гучи“ купи 70 отсто од марката „Серџо Роси“ за 96 милиони американски долари, а во потоа во 2005 година ги откупи и останатите 30 отсто.