ОД КОРОНАВИРУС ПОЧИНА ЕВРОВИЗИСКИОТ ПРЕТСТАВНИК Цела Ерменија се простува од пејачот (ВИДЕО)
Хаико ја претставуваше Ерменија на Евровизија во 2007 година со песната „Anytime You Need“, завршувајќи на осмото место.
Музичарот Хаико, со вистинско име Хајк Хакобјан, почина на 44-годишна возраст, а медицинските наоди потврдија дека починал од последици на коронавирусот, јави wiwibloggs.
View this post on Instagram
Хаико ја претставуваше Ерменија на Евровизија во 2007 година со песната „Anytime You Need“, завршувајќи на осмото место.
Влезот во првите 10 на Евровизија е само еден од неговите бројни успеси во кариерата. Тој беше прогласен за најдобар пејач на Ерменските национални награди во 2003 и 2006 година.
Пред пет години беше и претседател на жирито на својата земја на Евровизија која тогаш се одржа во Стокхолм.
Во Ерменија од почетокот на пандемијата имаше повеќе од 260,000 случаи заразени со коронавирусот.
Починаа повеќе од 5.000 луѓе.
ФОТО: Инстаграм