ОД КОРОНАВИРУС ПОЧИНА ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ АНТИВАКСЕРИ Тврдеше дека вакцините се тестирани на бебиња!

2,128

Боб Ениарт (62), радиоводител и пастор во една црква во САД, кој бил познат антиваксер, починал од коронавирус.

Тој тврдел дека заговорниците за живот треба да ги одбијат вакцините против ковид-19, бидејќи, како што истакнувал, тие се тестирани на бебиња кои жените ги абортирале, пренесува „Мирор“.






Ениарт на слушателите на својата радиоемисија им рекол да не ја примаат вакцината за „дополнително да ја зголемат општествената тензија и да извршат притисок на убијците на децата“.

Тој бил портпарол на американската организација „Право на живот“ (Right to Life), која 28 години се борела против абортусот.

Ениарт и неговите приврзаници исто така се бореа против носењето маски и физичкото дистанцирање.

Тажната вест на Фејсбук ја објавил неговиот пријател и колега Фред Вилијамс.

Неговиот син Доминик соопштил дека татко му заболел од коронавирус овој месец.

И неговата сопруга исто така има коронавирус, но нејзината здравствена состојба не е позната. Боб зад себе оставил седум синови.

ФОТО: Инстаграм

 

Поврзани содржини