Од коронавирус почина јапонскиот комичар кој требаше да го носи олимпискиот факел

423

Јапонскиот комичар Кен Шимура (70), починал откако бил заразен со коронавирус. Тој е првата позната личност жртва на вирусот во Јапонија.

Шимура ја започна својата кариера во раните 1970-ти и е еден од најпознатите комичари во земјата.






Актерот имал треска и респираторни проблеми, па бил пренесен в болница на 19 март.

Шимура бил хоспитализиран на 20 март поради воспаление на белите дробови, треска и проблеми со дишењето, после што бил ставен на респиратор.

Јапонија во неделата потврди 68 нови случаи на коронавирусот само во Токио, а вкупно 1.800 заразени во земјата. Забележани се вкупно 55 смртни случаи.

Во последно време се подготвувал за нов филм, а бил и одреден да трча со олимпискиот факел во јули, пред да ги одложат Олимписките игри во Токио.

Foto: N.N.

 

Поврзани содржини