Од коронавирус почина актерот од „Полицаецот од Беверли Хилс 2“

745

Холивудскиот актер Ален Гарфилд, на повеќето им е познат по улогата во „Полицаецот од Беверли Хилс 2“, почина на 81-годишна возраст од последици предизвикани од заразата со коронавирусот.

Веста ја потврди актерката Роне Блекли, која ја играше неговата сопруга во „Нешвил“ (1975), и која се збогува со него на Фејсбук.






Гарфилд глумеше уште од крајот шеесеттите години, а беше познат по тоа што често играше корумпирани и злобни бизнисмени и политичари. Меѓу филмовите во кои глумеше се истакнуваат и „Банани“ на Вуди Ален, „Прислушкување“ на Френсис Форд Копола и „Деветтата врата“ на Роман Полански.

Тој последен пат се појави во филмот „Chief Zabu“, кој беше објавен во 2016 година, но беше снимен во 1986 година.

Пред да стане актер, Гарфилд беше аматерски боксер и работеше како спортски новинар.

FOTO: Paramount Pictures/Printskrin

 

Поврзани содржини