Од коронавирус почина 27-годишен битолчанец
Од Министерството за здравство за „Фокус“ изјавиле дека момчето како дете било лекувано од малигна болест на крвта во ремисија десетина години.
На Инфективната клиника во Скопје почина 27-годишно момче од Битола кое било позитивно на коронавирус, објави ТВ21.
Момчето било префрлено на клиника во Скопје од Ковид Центарот во Битола, каде претходно се лекувало.
Според телевизијата, тоа работело во познато кафуле во центарот на Битола.
Од Министерството за здравство за „Фокус“ изјавиле дека момчето како дете било лекувано од малигна болест на крвта во ремисија десетина години.