Од компликации на ковид-19 почина уметникот Методи Андонов

Андонов е автор на споменикот што пред 36 години се подигна во центарот на Штип, во знак на сеќавање на штипските Евреи кои во 1943 беа депортирани во логорот Треблинка.

2,823

Од компликации од ковид-19 вчера во Штип на 75 години почина реномираниот уметник Методи Андонов.

Тој е автор на споменикот што пред 36 години се подигна во центарот на Штип, во знак на сеќавање на штипските Евреи кои во 1943 беа депортирани во логорот Треблинка.






Андонов е автор и на спомен-обележјето на светската фудбалска легенда Драгослав Шекуларац роден во Штип, а негово дело се и логото и главната статуетка на познатиот македонски фестивал Макфест.

 

Поврзани содржини