ОД КОЛАЧИТЕ ВО ПАЛМА, ДО ЌЕБАПИТЕ ВО ДЕСТАН, СЀ МЕ ПОТСЕТУВА НА МОЈАТА БАБА Македонката што ги освои лондонците со бурек, дојде во Скопје
Замисли, додека денес шетав низ центар, една жена викна по мене: „Спасиа?!“ Јас се чудев која е, а таа почна да вика по маж ѝ: „Еве ја таа со бурекот од Лондон!“ Сакаше да се сликаме како да сум некоја ѕвезда, ми го прераскажа низ смеа своето доживување од последниот ден во Скопје Спасиа Динковски, девојката со македонско потекло родена во британскиот град Кроли, за која македонската јавност дозна откако за неа пишуваа најпознатите британски медиуми
Ако досега британскиот град Кроли ни беше познат најмногу заради едѐн од најголемите бендови во историјата на популарната музика, „Д Кјур“, отсега ќе ни биде асоцијација и за нашата Спасиа Динковски. Оваа 35-годишна девојка за која ние во Македонија дознавме од најголемите британски медиуми од типот на „Гардијан“ и „Обсервер“, е родена во Кроли во семејство на македонски иселеници. Речиси целиот живот, освен оние 4 години во Њујорк и летните распусти во Македонија, живеела прво во родното Кроли, а потоа во Лондон.
Летните распусти често ги поминувала кај баба ѝ Славка во Карпош 4, а потоа во Тафталиџе 2 и секако, во нивното омилено сврталиште, легендарната слаткарница „Палма“. (Кој растел во овој дел од градот сигурно барем еден дел од младоста „излегувал“ и пред „Палма“.)
Последниве две години, од речиси анонимна готвачка во повеќе мали ресторани во Лондон, Спасија стана вистинска ѕвезда со својот Mystic Borek.
На почетокот од 2022. година во онлајн и во печатеното издание на британскиот Гардијан, рецензијата на 50 најдобри омилени јадења на Observer Food Monthly (ОФМ) која се објавува секоја година, започнува токму со Спасиа Динковски и нејзиниот Mystic Börek: најдобрите печива на Инстаграм.
Прочитајте го целиот текст за Спасиа на порталот „Арт кујна“.