ОД КОИ ПАРИ Е ИЗГРАДЕНА ДИВАТА ХАЦИЕНДА НА ПЕТРОВСКА ВО РАДИШАНИ? Јаревски бара антикорупционерите да отворат случај

Според него, доволно е  Антикорупциска да погледне на чие име се сметките на луксузната хациенда за да почне да истражува.

670

Антикорупциската комисија (ДКСК) да отвори случај за хациендата на Славјанка Петровска во Радишани, како е направена, со кои пари и без документи, побара денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски.

Според него, доволно е  Антикорупциска да погледне на чие име се сметките на луксузната хациенда за са почне да истражува.






– Славјанка Петровска да не мисли дека е заборавено дека истата изградила огромна хациенда во Радишани на диво, без документи. Таа ја криеше хациендата, но сметките за струја и вода кои беа објавени, а се на името на татко ѝ говорат дека е поврзана со спорниот имот. Петровска да не се крие и да каже дали ужива во благодетот хациАендата? Дали некој од нејзиното семејство ја користи? Зошто ја крие и од кои пари е направена?- вели Јаревски.

Тој додава дека е поминто времето на политичари кои го крадеа народот и остануваа неказнети.

– Одговорност мора да има- вели Јаревски.

Поврзани содржини