ОД КОГО Е ЗАГРОЗЕН АРТАН ГРУБИ ВО ИСТРАЖНИОТ ЗАТВОР „СКОПЈЕ? Мицкоски побарал одговори од МВР и од АНБ

Одговорот кој го добил од двете институции е дека проценките се „класифицирани, строго доверливи документи“, што значи дека тие не можат да ги објават или да им ги дадат на други институции.

0

Премиерот Христијан Мицкоски побарал објаснување од Министерството за внатрешни работи и од Агенцијата за национална безбедност зошто е проценето дека безбедноста на поранешниот вицепремиер Артан Груби била загрозена додека бил во Истражниот затвор „Скопје“, откако тој се предаде на полицијата по повеќе од една година бегство.

Во гостување на ТВ Канал 5 Мицкоски наведе дека одговорот кој го добил од двете институции е дека проценките се „класифицирани, строго доверливи документи“, што значи дека тие не можат да ги објават или да им ги дадат на други институции, вклучително и на директорот на затворот.






Тој потенцираше дека тоа што Груби сега е во куќен притвор, а не во строг притвор или ефективен затвор, не значи дека оваа мерка е конечна.

– Мерките ги одредуваат обвинителството и судот врз основа на факти… таа одлука може да се менува или надградува – рече Мицкоски.

Премиерот Мицкоски, исто така, коментираше дека има чувство оти многу граѓани се загрижени околу случајот, што, според него, предизвикува немир и во политичкиот живот.

Прашањето за Мицкоски уследи откако Јавното обвинителство на Македонија, одговарајќи на реакциите во јавноста што ги предизвика одлуката Артан Груби да биде во куќен притвор, соопшти дека МВР и АНБ процениле дека во притворското одделение не може да се гарантира неговата безбедност.

Поврзани содржини