ОД КОГА СРЕДБИТЕ НА МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ СО ЛИЦЕ ОД ЦРНАТА ЛИСТА НА САД СЕ КЛАСИФИЦИРАНИ? Коџаџику го праша Бујар Османи кој бил интересот за тајната комуникација со Груевски

465

Бујар Османи призна дека имал средби со Никола Груевски во Будимпешта. Деновиве сме сведоци на едно скандалозно признание од Бујар Османи, човек кој повеќе од две децении ја злоупотребува довербата на Албанците. Тој јавно одби да негира, односно потврди дека се среќавал со Никола Груевски, бегалец и лице на американската црна листа, изјави денеска на прес конференција Мерита Коџаџику пратеничка од коалицијата Вреди.

– ДУИ не е реформирана партија, туку групација која манипулира со националните чувства и со европските стремежи на албанскиот народ за свои лични и тесно-партиски интереси – рече таа.






Кохџаџику го праша Бујар Османи:

– Од кога тоа средбите на еден министер за надворешни работи со лица од американската црна листа се класифицирани? Дали тие средби се пријавени во Јавното обвинителство и во МВР? Кој е интересот зад оваа тајна комуникација?

Пратеничката Кохџаџику рече дека Албанците очекуваат одговори, не молк.

– Потсетуваме дека помошта за бегството на Никола Груевски беше дело на ДУИ. Законот за амнестија за Мијалков и за неговата екипа беше дело на ДУИ. Сè ова го разбираме како очај на една корумпирана елита која знае дека нејзиното време истекува. ДУИ ја претвори политиката во пазар и во бизнис, а Албанците во заложници на нивните договори со бегалци и криминалци. Вреди е тука да ја врати чистaта политика, да обезбеди транспарентност и да стави крај на ова лицемерие. Граѓаните заслужуваат одговорност, а не тајни договори со луѓе кои ја ограбуваа државата – порача таа.

Поврзани содржини