Познатото скопско кафуле „Мош“ во центарот на Скопје работи и вечерва, за што сведочат и снимки кои се објавуваат по социјалните мрежи. Втора ноќ по ред таму настапува српскиот пејач Владо Ѓоргиев.

Исто како и синоќа, има гласна музика, турканица од гости без маски, кои играат и пејат, нормално, без физичка дистанца и апсолутно без никакво почитување на мерките и на препораките за ковид-19.

Иако во текот на денот беше објавено дека Пазарниот инспекторат издал решение за затворање на ексклузивниот ланч бар „Мош“ уште минатата недела, а од синоќа има и кривична пријава, вечерва првиот човек на оваа институција Стојко Пауновски за некои медиуми „појаснил“ дека „Мош“ ќе добие лента наредната недела.