ОД КАДЕ МУ ПАРИ НА СТЕВЧО ЗА ЛУКСУЗНА ХАЦИЕНДА ВО ГРЦИЈА? Карпошани не се должни да слугуваат за неговото богатење, порача ВМРО-ДПМНЕ
Јакимовски одамна се обидува да го претстави своето владеење како пример за „транспарентност“, но во реалноста би можел да послужи како пример за тоа како личниот интерес може да се сокрие зад службен печат и јавна должност, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Стевчо Јакимовски да каже како неговото семејство се стекнало со градежни парцели во Жданец и луксузна хациенда во Грција, прашува владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
„Стевчо Јакимовски, кој постојано зборува за јавниот интерес, треба конечно да објасни како парцели што според деталниот урбанистички план биле означени како зеленило, одеднаш станале градежни парцели. И како се купува хациенда во Грција“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Јакимовски, се додава, одамна се обидува да го претстави своето владеење како пример за „транспарентност“, но во реалноста би можел да послужи како пример за тоа како личниот интерес може да се сокрие зад службен печат и јавна должност.
„Во рок од една година, членови на неговото семејство се појавуваат како сопственици на имоти во најскапата зона на општина Карпош, Жданец, токму во делот каде што живее и самиот Јакимовски. Сосема легитимно прашање е јавноста да знае како од парцели за зеленило станаа градежни парцели. Семејството на Стевчо Јакимовски во истиот период од таа една година се стекнало и со луксузна вила во Грција“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Доволно е од приказните за „искусен градоначалник“, се додава во соопштението.
„Искуството што го покажа е искуство претворање на јавен интерес во имотен лист. Карпошани не се должни да слугуваат во процесот на енормно богатење на Стевчо Јакимовски“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ