ОД КАДЕ МУ ПАРИ НА ФИЛИПЧЕ ЗА ДА БИДЕ ОРТАК СО ЗАЕВ ВО ДУБАИ? Призна дека има златна виза и летна кај менторот, вели ВМРО-ДПМНЕ

Криењето и молкот на Филипче, може да значат само едно, дека нашите поставени тези и прашања се вистинити, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

630

СДСМ и Венко Филипче ги нема никаде, молчат и се кријат, не кажуваат по кој основ Филипче се стекнал со златната виза за Дубаи,  соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Ама молчењето, криењето и бегањето од суштинските проблеми е одлика на СДСМ и Венко Филипче. Последно појавување во јавноста на Филипче му беше кога, не сакајќи, му се испушти дека поседува златна виза. Мислат дека така ќе се заборават нивните скандали“, соопшти партијата.






Но, наша обврска, се додава во соопштението, е да потсетуваме и да бараме одговори.

„Затоа прашуваме, дали пред 7 дена, кога според наши извори, ја напуштил државата преку граничниот премин Богородица, се упатил кон аеродромот во Солун, за од таму со златната виза да лета за Дубаи? Исто така, дали Филипче отишол за да сретне со неговиот ментор, кому му се воодушевува и на кого му го чува местото во СДСМ, Зоран Заев, за да проверат до каде се градежните активности на 50 катницата?“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Криењето и молкот на Филипче, може да значат само едно, дека нашите поставени тези и прашања се вистинити, се додава.

„Затоа, Филипче им должи објаснувања на македонската јавноста од каде му се парите, ако е ортак со Заев во бизнисот во Дубаи? Дали на нелегален начин ги има заработено парите, затоа што така лесно не се заработува сума од над пола милион долари, со чиновничка плата. За да ги демантира нашите сомнежи за бизниси во Дубаи и потеклото на златната виза, Венко Филипче и СДСМ не ја покажаа ниту нострифицираната диплома, која очигледно ја нема, а ниту одговорија со која болница преговарал. Со секој изминат ден, СДС и Филипче се повеќе тонат во бездна и покажуваат дека неискреноста, манипулативноста и корупцијата, се темелите на нивното делување. И додека СДСМ глумат загрижени за се и сешто во државата, истовремено во Дубаи Филипче и Заев уживаат и ги трошат украдените народни пари“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

СДС и Филипче се синоним, за неспособност, криминал и корупција, се вели во соопштението на партијата.

 

Поврзани содржини