„ОД КАДЕ ИДАТ ТОРБИТЕ СО КОИ СЕ ПЛАЌА КАМПАЊАТА НА ФИЛИПЧЕ?“ Николоски вели дека Филипче не знае каде е Новаци на мапа

562

Штабот изгледа прекрасно, а оваа голема бројка која што ја гледам тука пред нашиот изборен штаб мислам дека кажува само едно, дека ќе имаме огромна победа и на 24-ти април и на 8-ми мај. Промените ќе дојдат, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, порача Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа на ИЕ4 при вчерашното отворање на изборниот штаб во Струмица.

Николоски додаде дека доаѓаат подобри денови за Македонија.






– На мојот противкандидат, носителот на листа не му кажале дека во четворката има општини во кои што луѓето главно се занимаваат со земјоделие и лебот си го вадат од земјоделие. Затоа што гледам дека води кампања како да е носител во ИЕ1 и како да настапува во Капиштец, а не во Струмица или не во Прилеп, не во Гевгелија, а Новаци мислам дека не знае каде е на картата – рече тој.

Николоски посочи дека затоа казната на неговиот противкандидат ќе му стигне на 8 мај, на него и на сите кои што му прават кампања.

– Слушам дека ја ангажирал ПР агенцијата „Рејтинг“. Вака да поедноставиме, да не изгледаат тешки зборови, тоа се агенции за продавање ветар и магла. За која што плаќаат ни помалце, ни повеќе 100 евра по текст на портал кој што ќе објави текст за него. Повторувам 100 евра по текст на портал кој што ќе објави текст за него – рече Николоски.

Тој укажа дека на пример денеска неговиот противкандидат имал 18 текста и тоа се 1.800 евра потрошени само за еден ден.

– Еве да одиме и по нивната минимална плата, тоа се 6 минимални плати потрошени само денеска. Па еве да прашам од овдека од Струмица од кај се парите? Од вила „Парк“ се, од друго место се, од кај идат торбиве? Да знаеме како е можно да се плаќаат по 100 евра од текст на портал за да се промовира некого – праша Николоски.

Тој додаде дека народот нема кратка меморија и многу убаво се сеќава дека најголемите афери во здравството, најголемиот криминал во здравството се случи токму во мандатот на Венко Филипче.

– Јас искрено мислев дека ќе избега од политиката и ќе моли Господ да се заборави, да помине време, некако да се шмугне да не одговара, и на тој начин да се спаси. Ама не, тој реши да се враќа во политика. И штом решил да се враќа во политика, мислам дека нема подобро место од Струмица за да поставам неколку прашања на кои што избегнува да одговори во изминативе месец дена и да замолам да ми одговори на овие прашања. Знам дека после овие мои прашања ќе следува една серија лични навреди за мене, спремен сум да ги истрпам нема проблем – рече Николоски.

 

Поврзани содржини