ОД ИЗВИНИ НЕ СЕ ЖИВЕЕ Кремљ смета дека извинување нема да ја покрие навредата на Бајден

Неприфатливата реторика на Бајден покажува немоќ и недостаток на здрав разум во политиката кон Русија. Изгледа дека Русија е предизвикана да преземе емоционални чекори на одмазда. Очигледно е дека непристојноста и пцостите не служат за зајакнување на стратешката безбедност која е толку неопходна за светот во сегашните историски услови. Испративме силна протестна нота поради безобразната природа и неприфатливоста на навредите на американското раководство на сметка на рускиот претседател, се вели во соопштението на рускиот амбасадор.

888

Москва испрати „силна протестна нота“ до американскиот Стејт департмент поради навредливите забелешки на американскиот претседател Џо Бајден против рускиот претседател Владимир Путин.

Рускиот амбасадор во САД Анатолиј Антонов ја истакна малата веројатност со едноставни извинувања да се реши моменталната ситуација, оценувајќи дека САД нема да го направат тоа. Во соопштение Антонов вели:






„Неприфатливата реторика на Бајден покажува немоќ и недостаток на здрав разум во политиката кон Русија.

Изгледа дека Русија е предизвикана да преземе емоционални чекори на одмазда. Очигледно е дека непристојноста и пцостите не служат за зајакнување на стратешката безбедност која е толку неопходна за светот во сегашните историски услови.

Испративме силна протестна нота поради безобразната природа и неприфатливоста на навредите на американското раководство на сметка на рускиот претседател”“.

Да потсетиме, неодамна Бајден го изјави следното за Путин:

– Путин е луд кучкин син! Поради него секогаш морам да се грижам за нуклеарниот конфликт.

Исто така, во интервју претходно овој месец Путин го изјави следното за Бајден:

– Реков дека ќе работиме со секој претседател, но верувам дека за нас, за Русија, Бајден е попожелен. Судејќи по она што го рече, целосно имам право бидејќи ова е соодветна реакција на она што го реков.

 

Поврзани содржини