ОД ИВЗ НЕ ДОШЛЕ НА СРЕДБА Јакимовски даде рок од 15 дена да се урне џамијата дивоградба во Злокуќани

910

Во врска со нелегалното градење верски објект во населбата Злокуќани, од општина Карпош информираат дека во саботата инспекциската служба на Општина Карпош излегла на терен и дека не затекнала градежни работници како работат на објектот.

„Инспекторатот одреди 15 дена рок за доброволно отстранување на нелегалниот објект и ги повика одговорните лица на средба во општината денеска во 9.30 часот, но истите до сега не се дојдени. Во случај да не биде доброволно отстранет објектот во предвидениот рок, случајот ќе биде пријавен и во државниот инспекторат за градежништво и урбанизам“, информираат од општина Карпош.

Поврзани содржини