ОД ИНФЛАЦИЈАТА ЌЕ ЗАВИСИ ДАЛИ ЌЕ ИМА НОВИ МЕРКИ ЗА ЦЕНИТЕ Дурмиши оцени дека ограничените маржи дале резултати
Министерот за економија оцени дека двете мерки ги дале очекуваните резултати затоа што според податоците на Државниот завод за статистика во март инфлацијата бележи намалување на годишно ниво од 2,7%, а во однос на февруари дефлација од 1,3%.
Одлуката за ограничување на бруто профитната маржа на основните прехранбени производи и дел од средствата за хигиена и одлуката за утврдување на највисоки цени на осум групи на прехранбени производи завршуваат на крајот на овој месец. Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека ќе се следи ситуацијата и доколку има потреба, ќе бидат донесени други мерки.
– Ние ќе ја следиме ситуацијата, ако случајно се зголемува инфлацијата, ќе постапиме соодветно и ќе донесеме други мерки – рече Дурмиши на денешната прес-конференција.
Според него, двете мерки ги дале очекуваните резултати затоа што според податоците на Државниот завод за статистика во март инфлацијата бележи намалување на годишно ниво од 2,7%, а во однос на февруари дефлација од 1,3%.