ОД ИГРАЧКА – ПЛАЧКА! Се превртел голот на игралиштето и паднал врз дете
„Малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники Мајка Тереза Скопје. Увид извршила увидна екипа од Кавадарци“, се вели во полицискиот билтен.
Вчера околу 11.00 часот во Полициската станица во Кавадарци било пријавено дека на фудбалскиот терен во рамки на детското одморалиште Михајлово – Кавадарци, каде престојувале ученици од основно училиште од Скопје, еден малолетник бил повреден откако пречката од голот се превртела и паднала.
„Малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники Мајка Тереза Скопје. Увид извршила увидна екипа од Кавадарци“, се вели во полицискиот билтен.