ОД ХУМАНИТАРНАТА ФЛОТИЛА КОН ГАЗА ПЛОВИ САМО УШТЕ ЕДЕН БРОД Другите 40 се пресретнати и задржани од Израелците

„Маринет“ сè уште плови, соопшти организацијата синоќа на социјалните мрежи, додавајќи дека очекува наскоро пресретнување. „Тие се свесни што ги чека“ - напишаа организаторите.

242

Последниот брод од меѓународната флотила за помош за Газа го продолжи своето патување рано утрово, соопштија организаторите. Околу четириесет бродови беа пресретнати од Израел, и според најавите, ќе бидат протерани од израеските води.

-„Маринет“ сè уште плови, соопшти организацијата синоќа на социјалните мрежи, додавајќи дека очекува наскоро пресретнување. „Тие се свесни што ги чека“ – соопшти организацијата.






Во 6 часот наутро, бродот беше на приближно на 120 км од брегот на Газа, според геолокацијата споделена на веб-страницата на флотилата.

„Ако се приближи, неговиот обид да влезе во активната борбена зона и да се обиде да ја пробие блокадата ќе биде спречен“ – соопшти вчера израелското Министерство за надворешни работи.

Повеќе од 400 активисти на 41 брод од флотилата беа уапсени за време на операцијата што траеше околу 12 часа, изјави израелски функционер синоќа.

„Тие се безбедно префрлени во пристаништето Ашдод за обработка од страна на израелската полиција“, додаде тој под услов да остане анонимен.

Флотилата „Глобал Сумуд“, во која се вклучени политичари и активисти како што е Грета Тунберг од Шведска, тргна од Шпанија во септември со цел да ја пробие израелската блокада на Појасот Газа.

Израел вчера објави дека сите патници се „безбедни и здрави“ и ќе бидат депортирани во Европа.

Во средата, израелската морнарица почна да ги пресретнува бродовите откако ги предупреди екипажите дека влегуваат во водите над кои Израел тврди дека има контрола.

„Глобал Сумуд“ („отпор“ на арапски) го осуди „нелегалниот напад“ во меѓународни води, а организацијата за човекови права Амнести Интернешнл го осуди „чинот на заплашување“ извршен од Израел.

Единаесет грчки учесници во флотилата започнаа штрајк со глад во знак на протест против нивното, како што го нарекоа, нелегално притворање.

Инцидентот предизвика остри реакции од некои земји, вклучително и Турција, која го обвини Израел за „терористички чин“.

Колумбискиот претседател Густаво Петро објави протерување на израелската дипломатска делегација од неговата земја.

Италија и Шпанија испратија воени бродови да ја придружуваат флотилата на дел од нејзиното патување по „нападите со беспилотни летала“ во ноќта меѓу 23 и 24 септември, кои беа осудени од ОН и Европската унија.

Шпанскиот обвинител започна истрага за потенцијални кршења на човековите права, со сомнение за злосторства против човештвото.

Поврзани содржини