ОД ХОРМОНИТЕ СИ ПАТИМЕ Меѓу жените во дел од светот се шири тивка епидемија

Нарушената хормонална рамнотежа е основа на многу женски болести, а за да ги усогласите хормоните не ви требаат секогаш лекови, туку добро здравје се постигнува и преку начинот на исхрана и одреден начин на живот.

233

Повеќе од дваесет милиони жени ширум светот страдаат од синдром на полицистични јајници, миоми, ендометриоза, болни, тешки или обилни менструации и проблеми со тироидната жлезда и надбубрежните жлезди. Нарушената хормонална рамнотежа е како тивка епидемија.

„Контрацептивните таблети сега се препишуваат и при лекување на проблеми со ендокриниот систем кај девојчињата помлади од седумнаесет години, посочува Алиса Вити, функционален нутриционист и специјалист за женско хормонално здравје. За да го сврти вниманието на фактот дека и младите жени страдаат од слични состојби како нивните мајки или баби, но на сѐ помлада возраст и со поголем интензитет, но дека се појавуваат и нови сознанија, таа ја напишала книгата „Женски код“.






Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини