ОД ХЕРОЈОТ ЈОВАН МОЖЕ ДА СЕ УЧИ КАКО ДА СЕ БИДЕ ЧОВЕК Мицкоски се сретна со момчето кое спаси 21 живот во Кочани

Јован не е само херој на оваа трагедија, тој е симбол на една нова генерација која знае да направи разлика. Од неговиот чин се учи како да се биде човек, како да се биде достоинствен и несебичен во моментот кога тоа најмногу значи, објави премиерот на Фејсбук.

649

Премиерот Христијан Мицкоски на својот Фјесбук обзнани дека денеска, среда, се сретнал со Јован Костадинов, млад човек од Виница, кој спаси 21 живот во пожарот во Кочани. Мицкоски вели дека Јован во најтешкиот миг покажал што значи храброст, одговорност и човечност.

„Јован, со само 19 години, влезе во запалениот објект во Кочани и спаси 21 живот. Без размислување, со голема присебност и посветеност, тој направи нешто што малкумина би се осмелиле да го сторат. Јован не е само херој на оваа трагедија, тој е симбол на една нова генерација која знае да направи разлика. Од неговиот чин се учи како да се биде човек, како да се биде достоинствен и несебичен во моментот кога тоа најмногу значи.






Бев информиран дека ќе биде доделена стипендија за Јован Костадинов, како знак на признание за неговата храброст и човечност. Алкалоид, како општествено одговорна компанија, ја презеде оваа иницијатива и на тој начин покажа дека ги препознава и вреднува ваквите светли примери. Благодарност до сите што помагаат во овие тешки моменти за државата и народот.

Јован е светла точка во деновите на темнина. Неговото име ќе остане запаметено, а неговиот пример треба биде уште поголема инспирација за да бидеме подобри, посилни и похрабри граѓани на нашата Македонија“, напиша Мицкоски.

 

 

Поврзани содржини