Од глад секоја минута умираат 11 лица, многу повеќе отколку од ковид-19

Оксфам објави дека во изминатата година, повеќе луѓе умреле од глад отколку од ковид-19. Седум лица умираат за една минута како резултат на инфекција со коронавирусот.

210

Секоја минута, 11 луѓе умираат од глад во светот, објави организацијата Оксфам.

Шест пати повеќе луѓе се гладни отколку минатата година во ова време, според извештајот „Вирусот на глад се размножува“.






Оксфам објави дека во изминатата година, повеќе луѓе умреле од глад отколку од ковид-19. Седум лица умираат за една минута како резултат на инфекција со коронавирусот.

Претседателот на Оксфам, Аби Максман рече дека статистиката е застрашувачка, но мора да се земе предвид дека станува збор за луѓе кои страдаат, како и дека еден човек кој умира од глад е премногу.

Гладот ​​главно беше предизвикан од воени конфликти во државите.

Максман додаде дека сега околу 155 милиони луѓе во светот живеат во неизвесност кога станува збор за храната.

Поврзани содржини