Од есен се отвораат уште две дуални паралелки во СЕТУ „Михајло Пупин“, договорена соработка со четири компании

Паралелките за образование на Електротехничар – Енергетичар и Електромеханичар ќе ги финасираат компаниите АД ЕСМ, ЛИБЕРТИ  Скопје, „Раде Кончар контактори и релеи“ и МАСАК СОЛУТИОН.

354

Во рамки на наставната програма во СЕТУ Михајло Пупин од септември започнуваат две нови дуални паралелки во профилите Електротехничар – Енергетичар и Електромеханичар. За таа цел денес е потпишан договор за соработка со АД ЕСМ, ЛИБЕРТИ  Скопје, „Раде Кончар контактори и релеи“ и МАСАК СОЛУТИОН, кои ќе дадат поддршка за формирање на дуалните паралелки. Консултантската компанија „ПримеПоинт Партнерс“, со својата експертиза во развој на програми за наградба на вештини, е вклучена во изработка на програмата за дуално образование.

– СЕТУ Михајло Пупин е првенец во дуалното образование и сме единствено училиште во земјата кое има соработка со десетина истакнати компании како партнери во четирите паралелки за дуално образование. Преку овие програми овозможуваме побрзо вработување за голем дел од нашите ученици – изјави директорот Димитар Ѓорѓиев.






Од ЕСМ посочија дека нивна заложба ќе биде што повеќе училишта да добијат можност за дуално образование, што исто така ќе биде во интерес и на фирмите во продуцирањето на нов работен кадар.

– Часовите за практична настава предвидени со наставните планови и програми ќе се обавуваат во училиштето и во просториите на назначените компании. За АД ЕСМ тоа најверојатно ќе биде во нашата когенеративна електрана „Енергетика“ во населбата Железара во Скопје. Во следниот период, ќе побараме спонзорства за ширење на овие проекти и за училишта во други градови каде АД ЕСМ има свои производни капацитети – изјави генералниот директор на ЕСМ  Васко Ковачевски.

Со оваа програма ќе се развијат содржини, вештини и профили потребни на компаниите и барани на пазарот на труд.

Поврзани содржини