ОД ДУИ НЕ ПРОТЕСТИРААТ, СТУДЕНО ИМ Е! Таравари си игра мајтап со политиката на Ахмети

Им препорачувам на луѓето од ДУИ прво да започнат со реформи во партијата. Имаат доста некредибилни луѓе меѓу нив, им треба и адаптација во опозиција. Прво беа протести, но поради ниските температури одлучија да се сретнат со граѓаните. Убаво е, нека се сретнат, рече денеска Арбен Таравари од Вреди.

401

Министерот за здравство и еден од лидерите на коалицијата Вреди, Арбен Таравари саркастично ја прокоментира најавата на ДУИ за организирање состаноци на отворено, со граѓаните.

– Им препорачувам на луѓето од ДУИ прво да започнат со реформи во партијата. Имаат доста некредибилни луѓе меѓу нив, им треба и адаптација во опозиција. Прво беа протести, но поради ниските температури одлучија да се сретнат со граѓаните. Убаво е, нека се сретнат – рече денеска Таравари.






Според него, Вреди континуирано се среќава со граѓаните и смета дека тоа е обврска на сите партии.

– Не требаше да прават толку долга апститенција од четири месеци да не се видат со граѓаните – додаде Таравари.

Од ДУИ вчера соопштија дека ќе се одржуваат отворени седници на претседателството на партијата по партиските ограноци. За протести не било дискутирано иако и тоа е дел од агендата, информираше портпаролот Арбр Адеми по завршувањето на седницата на централното претседателство на ДУИ.

Поврзани содржини