Од државен карантин излегоа 160 граѓани
Од Владата оценија дека за првите 160 граѓани успешно заврши државниот карантин, со оглед на тоа што никој од нив досега нема симптоми на ковид 19.
Заврши престојот во државен карантин за 160 македонски граѓани, кои поминаа 14 дена во строги безбедносно-здравствени услови во хотелот „Ибис“ во скопско Тафталиџе и во депандансот во Демир Капија денеска
Од Владата оценија дека за првите 160 граѓани успешно заврши државниот карантин, со оглед на тоа што никој од нив досега нема симптоми на ковид 19.
Граѓаните кои успешно го завршија државниот карантин немаат симптоми на вирусот и ќе поминат уште 14 дена во домашна изолација, согласно здравствените препораки на епидемиолозите, соопштија од владата.