ОД ДРИСЛА СЕ КРАДЕ БАКАР Од ВМРО-ДПМНЕ го прозиваат министерот Спасовски

237

Во овој момент се врши тешка кражба во Дрисла од каде се изнесува бакар како отпадно железо, МВР на Спасовски молчи, власта се богати, предупреди ВМРО-ДПМНЕ.

„Во овој момент, според нашите основани сомневања и информации, во Јавното претпријатие Дрисла се врши тешка кражба на бакар кој се изнесува под ставката отпадно железо. МВР на Спасовски молчи и премолчено одобрува изнесување на материјал вреден десетици илјади евра. Власта се богати, додека Данела Арсовска, која е милениче на СДС, менаџира случај каде има основано сомневање за криминал тежок до стотина илјади евра“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






Оттаму додаваат дека ваков криминал не е можен без поддршка и знаење на централната власт и дека на овој начин се обезвреднуваат јавните претпријатија од, како што велат, нова крими коалиција Арсовска – СДС.

Поврзани содржини