Од дијаспората најмногу се попишале од Швајцарија и од Германија, преку океан незаинтересирани

Во полето за држава се внесува Република Северна Македонија. Само тогаш системот ќе го препознае како матичен број од Република Северна Македонија. Досега, најголем проблем имавме во тоа недоразбирање, објасни Османи.

731

Попишувањето на дипломатијата завршува денеска, но продолжува за дијаспората. Бројот на наши попишани граѓани од дијаспората надмина 60 илјади. На прво место е Швјацарија со околу 16 илјади, што е една четвртина од очекуваните бројки, потоа следат Германија со 10 илјади, Италија со шест илјади, додека во Канада и Австралија имаме далеку послаби резултати, за што како одговорно Министерство преземаме дополнителни активности и повикуваме што поголем број да се охрабрат и одвојат неколку минути за овој процес, изјави денеска на прес-конференција Министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Попишувањето на нашите дипломати и членови на конзуларни претставништва е успешно завршено денеска, а продолжува попишувањето на дијаспората, што ќе трае се до 22 април.






– Пописот е важна работа, а учеството на дијаспората значи правилно мапирање на дистрибуцијата на нашите граѓани во страство, што е важно за да имаме основа за носење развојни политики врз прецизни податоци, кои ќе бидат од директно значење за нашата дијаспора – изјави Османи.

Активно работиме на промоција и дисеминација на овој процес, рече Османи, нагласувајќи дека работната група на МНР е во постојано заседавање и ја следи работата на ДКП и телефонските линии се постојано отворени и се користат активно.

– Нашите амбасади и конзуларни претставништва интензивно работат со здруженијата на граѓани, асоцијации и верски здруженија. Целата мрежа е ставена во фокусот на овој процес, како нивни прв приоритет – изјави Османи.

Во рамки на своите дипломатски активности, Османи, посочи дека утре заминува за Швајцарија и потоа во Мадрид, каде ќе има средби и со дијаспората.

Во однос на тоа дали има бојкот на пописот од лицата во дијаспората, Османи рече дека нема информации ниту од дипломатско-конзуларните претставништва, ниту од негови лични контакти со дијаспората дека некој активно бојкотира или дава отпор за попишување.

– Меѓутоа, не можам тоа да го исклучам, бидејќи не можеме сите наши граѓани кои живеат во Австралија, Канада или САД да ги контактираме за да го знаеме нивното мислење. Сметам дека во оваа фаза е најважно да стигне информацијата до секој од нив. Очигледно не сите граѓани во светот ја знаат информацијата и ја знаат важноста на пописот, за нив пред сѐ. За првпат ќе имаме точни бројки за дистрибуцијата на нашите граѓани во светот, нивната структура и врз основа на тоа ќе можеме да ги димензионираме нашите услуги и нашите ДКП-а, за да може граѓантие да ги добијат услугите таму каде што живеат, но и да направиме политики да го поттикнеме нивното враќање назад – изјави Османи.

За можноста луѓето од дијаспората да бидат попишани од резидентното население тука, Османи рече дека согласно формулацијата во законот било кој, кој најдобро го знае податоците за наш граѓанин кој што живее во странство, притоа го има матичниот број може да ги даде тие податоци.

Во прашалникот кој што треба да го одговорат граѓаните од дијаспората, појасни Османи, стојат и податоците за имотот кој го имаат и последната адреса од која заминале.

– Ова е важно прашање и важна информација што треба да ја знаат граѓаните од дијаспората. Дека тие информации треба да бидат дел од пописот, затоа што и нерезидентнотно население влегува во подготвување на вкупните и локални и национални политики во државата – рече Османи.

Во однос на забелешките дека апликацијата ги враќа назад граѓаните кога ќе стигнат до матичниот број, Османи рече дека откако граѓаните ќе го внесат својот матичен број, следното прашање е името на државата, каде тие го пишуваат името на државата каде престојуваат, што не се вклопува со матичниот број кој е од Република Северна Македонија.

– Во полето за држава се внесува Република Северна Македонија. Само тогаш системот ќе го препознае како матичен број од Република Северна Македонија. Досега, најголем проблем имавме во тоа недоразбирање – изјави Османи.

 

Поврзани содржини