ОД ДЕНЕСКА СЕКОЈ ДЕН ОД 10 ДО 16 ЧАСОТ Патот Маврови Анови – Жировница ќе биде затворен за сообраќај

Патот ќе биде затворен од браната Маврови анови до ресторанот Трница.

136

Од денеска од 10 до 16 часот и во наредните 45 дена се воведува привремен сообраќаен режим заради активности за асфалтирање на регионалниот пат Маврови Анови – Жировница.

-Во овој период ќе има комплетно затворање на патот Маврови Анови – Жировница во делот од брана Маврови Анови до ресторан „Трница“. Градежните активности ги изведува Друштво за градежништво „Пелагонија“ а.д. Гостивар “, соопшти Автомотосојузот.






АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта утрово се одвива по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Поврзани содржини