Од денеска се оди преку мостот изграден на местото на Панорамското тркало

1,345
Денеска е пуштен во употреба пешачкиот мост меѓу Камениот мост и мостот Гоце Делчев кој ќе ги поврзува еврејското маало со скверот Јадран и со градскиот плоштад, соопшти градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

„Овој мост според замислите на нашите претходници требаше да биде ултра скапо, 50 метри високо панорамско тркало со стопи во коритото на Вардар, кое фрла огромна сенка врз центарот на градот. Овој мост не требаше да го шетаат поминувачите низ центарот на градот, туку само да служи како рампа за пристап до панорамското тркало. Панорамското тркало го градеше ЈСП (со пари од АЕК) и требаше да биде досега најголемата инвестиција на сообраќајното претпријатие. Поголема од која било досегашна набавка на автобуси. Требаше да чини 20 милиони евра пари на граѓаните со кои можеа да се купат уште најмалку 70 еко автобуси на гас како оние што ги набавивме годинава. Овие средства Никола Груевски, Коце Трајановски, Игор Јанушев и советниците на ВМРО ДПМНЕ беа подготвени да ги фрлат на панорамско тркало. Со тоа што изградивме мост наместо тркало успеавме да спасиме половина од таа сума. Мој предлог до советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје: зошто не пресметате колку амбулантни возила се тоа?“, напиша Шилегов на својот профил на Фејсбук.
Поврзани содржини