Од денеска почнува етапната исплата на декемвриските пензии

285

Oд денеска почнува етапната исплата на декемвриските пензии, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата.






Денеска ќе биде извршена исплата на пензии со висина до 11.000 денари, утре вторник ќе бидат исплатени пензиите во висина од 11.001 денари до 14.000 денари, во среда, на 30.12.2020 година, исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари, додека во четврток, на 31.10. 2020 година, исплата на пензии во висина над 18.000 денари.

Поврзани содржини