Од денеска ПЦР тест за влез во земјава за државјани на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ
Доколку тие само транзитираат тогаш можат да ја поминат границата без ПЦР тест.
Од државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина при влез на граничен премин на територијата на нашата држава од денеска ќе се бара задолжително да приложат медицинска потврда со негативен резултат од тест RT PCR SARS-CoV-2, направен 72 часа пред влез на територијата на нашата земја. Воедно треба да приложат пополнета изјава со лични податоци за местото на престојување и временскиот период на престојот.
Доколку тие само транзитираат тогаш можат да ја поминат границата без ПЦР тест.
– Оваа наша одлука и препорака се должи исклучиво врз основа на податоците коишто ги собиравме изминатите денови, а коишто ни ја прикажаа вистинската епидемилошка слика во сите овие земји за која што ние сметаме дека е многу полоша од нашата во овој момент – изјави вчера министерот за здравство Венко Филипче.
Оваа мерка, истакна тој, важи само за граѓаните на овие земји заради тоа што сега во овој момент има многу поголем број заболени.