ОД ДЕНЕСКА НОВО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО Со новите 7,5% вкупното покачување е 20%, вели Мицкоски

Платите во образованието се зголемуваат за нови 7,5%, како дел од колективниот договор. Премиерот истакна дека за година ипол вкупното покачување достигнува околу 20%.

107

Вработените во образованието ќе добијат покачување на платите за речиси 7,5%, најави премиерот Христијан Мицкоски. Со ова, како што рече, од формирањето на оваа Влада досега платите во образованието се зголемени за околу 20% проценти.

– Од денеска ќе имаме зголемување на платите во образованието, што е дел од оној колективен договор што го имаме за нови 7,5 проценти. Тоа значи дека од формирањето на оваа Влада, од ноември 2024 година до денеска, или за една и пол година, зголемени се платите на вработените во образованието – изјави Мицкоски во одговор на новинарско прашање по пуштање во употреба на културен дом во Гази Баба.

Поврзани содржини