Од денеска нема движење по шуми

Во текот на денешниот ден, 3 август (наутро) стапува во сила целосна забрана за движење во шумските предели низ Републиката - соопшти владината прес-служба.

308

Владата апелира до сите граѓани да не се движат низ шумските подрачја во земјата, заради заштита на личната безбедност и заради спречување натамошно ширење на пожарите.

– Во текот на денешниот ден, 3 август (наутро) стапува во сила целосна забрана за движење во шумските предели низ Републиката – соопшти владината прес-служба.






Од Град Скопје информираат дека од денес е воведена целосна забрана за движење на Водно и на Скопска Црна Гора.

– Апелираме до сите граѓани да ја почитуваат забраната и да не се движат низ шумските подрачја во земјата заради заштита на личната безбедност и заради спречување натамошно ширење на пожарите. Воедно доколку забележите пожар Ве замoлуваме веднаш да пријавите во Противпожарната бригада на тел. 193 или во Центарот за управување со кризи, на тел. 195 – се вели од соопштението од Градот.

Поврзани содржини