ОД ДЕНЕСКА НЕМА АВТОБУСИ КОН ШУТО ОРИЗАРИ Приватниците престанале да возат зашто не добиле пари од Градот

Три месеци Градот предводен од Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ не исплаќа надомест кон приватните превозници, па затоа тие денес решија да престанат со возење на линиите кои ги опслужуваат, рече Лилјана Божиновска, советничка во Советот на Град Скопје од СДСМ.

474

Поради неспособноста на Данела Арсовска од денеска целата општина Шуто Оризари е отсечена од јавниот автобуски превоз, обвини денеска Лилјана Божиновска, советничка во Советот на Град Скопје од СДСМ.

– Три месеци Градот предводен од Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ не исплаќа надомест кон приватните превозници, па затоа тие денес решија да престанат со возење на линиите кои ги опслужуваат. Со тоа се десеткуваше возниот ред на автобусите, а кон Шуто Оризари автобуси речиси и не сообраќаат бидејќи со линиите „19“ и „20“ располагаат приватните превозници. Во време на економска криза, Арсовска не ги исплаќа своите обврски, а десетици илјади граѓани се оставени без автобуски превоз и имаат дополнителни трошоци за да стигнат до своите работни места – рече Божиновска.






Според неа, Арсовска докажала дека не е способна да го менаџира и актуелниот систем на јавен превоз, а не пак да набави нови 250 автобуси и да воведе бесплатен јавен превоз.

– Или Арсовска можеби мисли дека бесплатен автобуски превоз подразбира приватните превозници да водат бесплатно за ЈСП и Град Скопје? Шест месеци потроши Арсовска од мандатот а не само што не реализира ниту еден проект, туку прекина и важни проекти од нејзиниот претходник. Освен за личните и интересите на ВМРО-ДПМНЕ, Арсовска не се грижи за ништо, ги заборави граѓаните, а градската администрација и јавните претпријатија ги наполни со партиски војници на ВМРО-ДПМНЕ и Левица – рече Божиновска и додаде дека Арсовска е најнеуспешниот градоначалник на Скопје.

Поврзани содржини