ОД ДЕНЕШЕН ДЕН ВО ЦРКВИТЕ ПОЧНАЛ ДА СЕ КОРИСТИ МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Антим Поповски го иницирал Првиот свештенички собор на кој се поставени темелите на МПЦ

Според одлуките на собирот, откажана била секаква јурисдикција на туѓите цркви врз Црквата на Македонија, а во црковната администрација бил воведен македонскиот јазик. Притоа свештениците се ставиле на располагање на народната власт.

796

Во 1943 година на 21 октомври во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната територија на Дебарца.

Триесетте народни свештеници, изразувајќи ги стремежите и определбите на православното свештенство и на верниците од цела Македонија, донеле мошне значајни одлуки. Свештениците и македонските христијани биле повикани да се вклучат во народноослободителното движење и со сите сили и средства да ја помагаат народната војска.






Според одлуките на собирот, откажана била секаква јурисдикција на туѓите цркви врз Црквата на Македонија, а во црковната администрација бил воведен македонскиот јазик. Притоа свештениците се ставиле на располагање на народната власт.

Потоа била формирана првата организирана црковна власт, со архиерејско намесништво, а за прв намесник бил поставен заслужниот деец и учесник во НОВ, прота-ставрофор Антим Поповски.

По повод одржувањето на Првиот свештенички собир, во Издеглавје, на 20 октомври 1983 година била откриена спомен-плоча на куќата каде се одржал собирот.

Поповски е запопен во Тирана со помош на Пирузе и на Питу

Антим Поповски (Слатино, 1900 – Скопје, 31 март 1987) бил македонски свештеник, прв архијерејски намесник за ослободената територија во 1943 година и еден од носителите на одлуката за обновување на Охридската архиепископија и за организирање на Македонската православна црква.

Роден е во Слатино, Дебрца. Немал можност да ја заврши богословско-учителската школа во Битола, бидејќи бил протеруван од школските управи како син на бунтовник и опасен за српската власт.

Како печалбар во Белград воспоставил контакти со напредни студенти и работници и бил посетител на друштвото Вардар организирано од македонските студенти во Белград. Таму се сретнал со Петре Пирузе, со Петар Богданов – Кочко, Кузман Јосифовски Питу и многу други личности од кои се надоградувал и го збогатувал своето знаење. Антим со својот ангажман ја освоил довербата на Кузман Јосифовски Питу, Михајло Апостолски, Методија Андонов Ченто кои престојувале во Дебрца.

Петре Пирузе заедно со Кузман Јосифовски Питу во ноември 1941 година го организирале неговото запопување во Тирана кај владиката Кристофор.

Тој е прифатен за член на проширениот состав на Главниот штаб на НОВ и ПОМ и ја водел комисијата за верски прашања.

Антим Поповски е еден од иницијаторите и организаторите во Главниот штаб за организирање на Првиот свештенички собор во октомври 1943 година во село Издеглавје, каде се поставени темелите на МПЦ и се донесени многу значајни историски одлуки за МПЦ, македонскиот народ и за движењето. Тој собир е предвесник на историскиот АСНОМ.

Протојереј- ставрофор Антим Поповски починал на 31 март 1987 година во Скопје.

Поврзани содржини