Oд денес отворени стоматолошките ординации

393

Со рестриктивен режим на работење, изготвен од страна на Стоматолошка комора , а по препорака на Комисијата за заразни болести, денес започнаа со работа сите стоматолошки ординации во државава.






Стоматолошките здравствени установи кои се во мрежата, односно, избраните лекари стоматолози и лекарите специјалисти од дејноста орална хирургија, ортодонција и протетика покрај услугите кои ќе ги пружаат на осигурените лица, должни се да се придржуваат кон протоколите и упатствата за работа во услови на се уште постоечка закана од инфекција со ковид-19.

Поврзани содржини