ОД ЦРНИ КОВИД РЕКОРДИ, ДО НАЈУСПЕШНА ВАКЦИНАЦИЈА Оваа земја полека се враќа во живот

Во некои земји, вакцината „Фајзер“ е одобрена и за деца на возраст од 5 до 12 години. Прашањето е колку време ќе и треба на Европската здравствена агенција за на крајот и самата да го дозволи тоа.

582

Кампањата за вакцинација во Италија беше многу успешна, а доказ за тоа е што досега се вакцинирани над 46,5 милиони луѓе постари од 12 години, што е 86 отсто од населението.

Според тоа, Италија е многу над европскиот просек, пред Франција, Германија и Обединетото Кралство.






Италија продолжува со кампањата бидејќи има за цел да достигне 90% од вакцинираните.

Генералот Франческо Паоло Филуло, комесарот задолжен за борба против коронавирусот, наведува дека покрај големиот успех во вакцинацијата, почнуваат да ја даваат и третата доза од вакцината, која моментално е резервирана само за хронично болни лица, здравствените работници, персоналот и корисниците во старечките домови и за сите постари од 60 години кои ја примиле втората доза од вакцината пред најмалку шест месеци.

Главниот епидемиолошки проблем во Италија останува населението под 12-годишна возраст. Кај таа популација инфекцијата со коронавирусот носи минимални проблеми, но постои голема опасност бидејќи може да зарази членови на домаќинството, па дури и да умре, пишува thelocal.it.

Во некои земји, вакцината „Фајзер“ е одобрена и за деца на возраст од 5 до 12 години. Прашањето е колку време ќе и треба на Европската здравствена агенција за на крајот и самата да го дозволи тоа.

Ако се земе предвид целата популација, од раѓање до 120 години, Италија вакцинирала повеќе од 76% од населението со две дози.

Поврзани содржини