Од четврток асфалтирање на делницата Кочани- Пониква

298

ДПТУ Ескаватори – МК ДООЕЛ известува дека од  23.07.2020 год. (четврток) до 30.07.2020 год. (четврток), во период од 10:00 – 17:00 часот ќе се асфалтира објектот „Поправка и рехабилитација на државен пат Р1309, делница Кочани- Пониква (II фаза)“.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.






АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Јавното претпријатие за државни патишта известува дека делницата Штип – Крупиште која е дел од експресниот пат А3 Штип – Кочани, може да се користи за сообраќај. 

Патниот правец Р2332 Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица (врска со Р1307 Царина – врска со А3 и Р1301 – Трпејца), од 02.05.2020 до 15.11.2020 е отворен за сообраќај за сите видови возила со вкупна маса до 3.5 тони.

ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА на државните патишта во Република Македонија:

Од 01.07.2020 година започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 31.08 на државните патишта во Република Македонија со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Временските интервали се следни:

петок: 17:00 – 22:00 часот,
сабота: 09:00 – 18:00 часот и
недела: 09:00 – 22:00 часот.

Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.  

Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе,хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта – информираат од АМСМ.

 

Поврзани содржини