Од британскиот сој на вирусот се заразиле 45 лица, најмногу во Охрид и Прилеп

596

Министерството за здравство информира дека во лабораторијата на ИЦГИБ-МАНУ во периодот од 1 јануари до 7 февруари, 2021 е утврдено присуство на СарсКов2 вирусот од Велика Британија кај 45 примероци на брисеви од заразени лица.

Првиот пациент со овој тип на вирус во оваа лабораторија е дијагностициран на 13.01.2021 во Охрид и оттогаш неговата застапеност прогресивно се зголемува. Во моментот оваа варијанта на вирусот е најфреквентна во Охрид и Прилеп, а е присустен и кај одредени пациенти во други градови: Тетово, Струга, Куманово, Штип, Велес.






Овие резултати се базираат на скрининг за присуство на 2 мутации кои го карактеризираат овој сој на најголем дел од новозаразените пациенти дијагностицирани во оваа лабораторија (400), како и со секвенционирање на целите геноми на вирусите детектирани кај 50 од овие пациенти.
– Анализите на МАНУ не утврдија присуство на британскиот сој на вирусот кај вработените на Клиниката за нефрологија каде за краток временски период беа заразени повеќе здравствени работници – вели  Министерството за здравство и апелира до сите граѓани да ги почитуваат мерките и препораките кои се во интерес на заштита на здравјето на сите.
Поврзани содржини