ОД БОМБАСТИЧНАТА НАЈАВА НА АРСОВСКА ОСТАНА САМО ЛЕНТАТА Што се чека за да почне изградбата на булеварот Македонија?

Сепак, според тоа што може да се види на терен, засега нема ниту еден работник или машина која ќе ги извршува работните задачи и нејасно е зошто и покрај најавата на Арсовска, ништо не се случува.

1,085

Извадени две палети со бехатон плочки, еден контејнер-барака кој треба да служи како канцеларија и ништо друго нема и по еден месец откако беше најавена првата фаза на еден од најтешките, најголемите и најзначајните проекти во Скопје кај стара „Рампа“.

Точно пред еден месец градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, со екипи од секторите во градот и јавните претпријатија, изврши увид во градежните работи за започнување со реализација на прва фаза на изградбата на булеварот Македонија со кој ќе се реши деценискиот проблем со сообраќајниот метеж во централното градско подрачје.






Сепак, според тоа што може да се види на терен, засега нема ниту еден работник или машина која ќе ги извршува работните задачи и нејасно е зошто и покрај најавата на Арсовска, ништо не се случува.

Според сајтот за јавни набавки, Град Скопје на 5 февруари за реализацијата на овој проект има склучено договор со компанијата ЈУ-БАЈ 2 Амет ДООЕЛ село Бојане, Скопје, во износ од 48.083.564 денари со ДДВ или 781.847 евра. Во битката за оваа јавна набавка покрај ЈУ-БАЈ 2 Амет ДООЕЛ биле уште 10 градежни компании, но сепак изведувачот од Бојане ја имал најприфатливата понуда според Град Скопје.

фото: Град Скопје/Градоначалничката Данела Арсовска на увид на првата фаза од изградбата на булеварот Македонија

 

Градоначалничката Арсовска тогаш истакна дека овој булевар има цел да го растовари сообраќајот во центарот на градот, особено на улиците: Јордан Мијалков, Павел Шатев, како и на булеварите Свети Кирил и Методиј и Кочо Рацин.

„Градското раководство започнува со изградба на сообраќајницата на потегот од Тутунски комбинат во Кисела Вода која завршува во централното градско подрачје, и во првата фаза опфатени се булеварот и три крстосници, првата меѓу булевар Крушевска Република и улица 11 Октомври, втората меѓу булевар Борис Трајковски и булевар Македонија и третата на двата крака на булевар Македонија кон втората фаза од булеварот кои се поврзуваат со подземната сообраќајница кај Лимак“, соопштија тогаш градските власти.

Како што пишуваше во соопштението од Градот, реализацијата на ваквите сообраќајни решенија е од особено значење за граѓаните на Скопје, а значително ќе го намали сообраќајниот метеж во центарот на градот и ќе го олесни движењето на граѓаните низ централното градско подрачје.

📽 📷 📊 СКОПЈЕ ИМА ПРЕКРАСНИ ИДЕИ ЗА УЛИЦИ И КОРИДОРИ, АМА НЕМА НИ ПАРИ НИ ПАМЕТ Секој градоначалник почнува од нула, а Данела може да заврши и во минус

Поврзани содржини