ОД БЕЛАТА КУЌА ЈА ПОВИКАА НИКИ МИНАЖ НА РАЗГОВОР Сакаат да ѝ објаснат сè за вакцините

Минаж минатата среда објави на Твитер дека Белата куќа ја поканила и потврди дека ќе оди на разговорот, но официјален претставник на Белата куќа изјави дека на раперката едноставно ѝ била понудена покана.

1,188

Белата куќа ѝ понуди на американската раперка и актерка, Ники Минаж да се поврзе со еден од докторите од администрацијата на претседателот Бајден, со кого ќе разговара за нејзините прашања поврзани со вакцините против ковид-19, бидејќи нејзината објава на Твитер за тоа дека вакцините предизвикуваат импотенција, стана вирална.

Белата куќа изјави дека слични повици биле испратени и до други кои се загрижени за вакцината, со цел да се отстрани кампањата на дезинформации во врска со безбедноста и ефективноста на вакцините, пренесува АП.






Минаж минатата среда објави на Твитер дека Белата куќа ја поканила и потврди дека ќе оди на разговорот, но официјален претставник на Белата куќа изјави дека на раперката едноставно ѝ била понудена покана.

Минаж беше на насловните страници неделава кога пред нејзините 22,6 милиони следбеници на Твитер објави дека на годишната церемонија Мат гала, било побарано од учесниците да бидат вакцинирани и дека нема да ја прими вакцината додека не почувствува дека направила доволно истражување.

Подоцна стави друга објава во која раскажа непотврдената приказна за пријател на нејзиниот братучед во Тринидад, кој наводно станал импотентен откако бил имунизиран.

Поврзани содржини