ОД ЈАНУАРИ УСТАВЕН СО САМО ПЕТ СУДИИ Кацарска побара да бидат именувани нови

Претседателката на Уставниот суд на денешната прес-конференција информираше дека досега во оваа година примени се 148 предмети, а решени се 173 предмети, што значи се работеле и останати предмети од изминатите години.

350

Уставниот суд моментно функционира без една третина од судиите, а од средината на јануари ќе се испразни уште едно судиско место, што значи петмина судии. Уставот како највисок акт предвидел дека во името на граѓаните ќе одлучуваат девет судии, информира денеска претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска.

Таа на денешната прес-конференција предупреди дека со неизбирањето на нови судии ќе се предизвика дисбаланс меѓу евентуалниот напад врз уставниот поредок и заштитата на истиот од страна на судот.






– Во име на Уставот и неговото бескомпромисно почитување и штитење барам и апелирам до Собранието да се изберат нови уставни судии затоа што во прашање ќе го доведат легитимитетот на идните одлуки, но секако и квалитетот, а особено довербата на граѓаните во Уставниот суд што следствено значи губење на доверба во правниот систем – нагласи Кацарска.

За да има одлука, посочи, потребни се најмалку петмина судии, но никој не може да грантира дека сите петмина ќе бидат едногласни во одлуките, а и не е правило затоа што квалитетните одлуки се засновани врз дебата, различни мислења и толкувања.

– Сериозна ќе биде состојбата доколку судот биде доведен да одлучува во неколку исклучителни ситуации за кои е нужно дво-третинско мнозинство, односно шест судии, тоа е случај за имунитет и одговорност на претседателот на државата и избор на претседател на Уставен суд. Оваа состојба веќе се одразува со негативен ефект врз работата на Судот. Изминатиот период беа целосно одложени 11 предмети за кои се чека полн состав. Полн состав чекаат деловникот за работа на Владата, предмети за слободи и права, закон за ЈО, закон за даноци за моторни возила за данокот за конзуларни претставници, закон за процена, одлука за додатокот на пратениците, ДУП Гостивар, закон за облигациски односи, закон за високо образование итн. – информира Кацарска.

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска на денешната прес-конференција информираше дека досега во оваа година примени се 148 предмети, а решени се 173 предмети, што значи се работеле и останати предмети од изминатите години.

За споредба, како што појасни, имало години кога не бил совладан приливот на предмети при што биле примени поголем број на предмети од што биле решени, а тоа, како што посочи, било случај во 2017, 2019 и 2020 година.

Најголем дел од новопримените предмети оваа година, информира Кацарска, се однесуваат на оценка на уставноста или законитоста, десет се барања за заштита на човековите права и слободи. Поведени се 13 постапки по кои се донесени четири одлуки за укинување, а девет предмети се уште се во постапка.

– Уставниот суд годинава одржа 37 седници. Споредбено со 2020 е за две седници повеќе или 2021 пандемиска година биле одржани поголем број седници отколку во годините пред пандемиајта. Оваа година Уставниот суд укина пет законски одредби и тоа: одредба од законот за аудиовизуелни медиумски услуги, одредба од закон за градење, дел од закон за семејство, одредба од закон за комплементарна и алтернативна медицина и одредба од законот за банки, како и четири други прописи и тоа: правилник на Министерство за одбрана, одлука за ДУП на Општина Центар, правилник за стоматологија, и одлука за донесување ДУП на Општина Карпош – информира Кацарска.

Во текот на 2021 година, додаде, решени се 14 барања за заштита на слободите и правата на граѓаните, а по четири барања се одржале јавни расправи што исто така било реткост во годините претходно.

– Волјата за ажурно и квалитативно унапредување на работата на судот се согледува и од фактот дека последнтие две години беа одржани вкупно осум подготвителни седници кои не биле одржани воопшто од 2013 до 20202 година, ниту една цели седум години. Се работи за аседници на кои биле разгледувани спорни рпашања за рпедмети кои имаат општествено значење. Подготвителни седдници за законот за употреба на јазиците, закон за Преспаснкиот договор, закон за Јавното обвинителство, за попис на населението. Уставниот суд одлучуваше и по закони кои беа оспорени, а се важни за граѓаните и од стратешко значење за држава – како закон за банки, закон за стратешки партнер за коридор 8 и 10… – соопшти Кацарска.

Поврзани содржини