ОД ЈАНУАРИ НОВА ПОМОШ ЗА ГРАЃАНИТЕ И ЗА ФИРМИТЕ Бектеши најави дополнителни мерки за потрошувачите на струја
Министерот за економија информира дека мерките се веќе подготвени.
Министерството за економија подготвува нов пакет мерки за помош на домаќинствата и компаниите, информира денеска Министерот за економија Крешник Бектеши.
– Овие мерки кои се дополнителни мерки за домаќинствата и компаниите веќе се подготвуваат во соработка со мојот светник за енергетика Исмаил Љума и советникот на владата Виктор Андонов – рече Бектеши.
Тој додаде дека овие мерки ќе бидат соопштени по 1 јануари.