ОД ЈАНУАРИ БИ СЕ НАМАЛУВАЛА ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА Ако се прекине тендерот со ЕВН Хоме ќе се загрози снабдувањето со струја

Мандатарот за нова влада вели дека жали што експерти велат дека би можела владата сега да прави промени бидејќи ако се се прекине тендерот ќе се загрози снабдувањето на потрошувачите.

382

Сакам да ги уверам граѓаните дека владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја врати цената на струјата со тенденција да ја намали кога ќе почне новиот период на регулирање на цената, а тоа е од први јануари, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ  Христијан Мицкоски, во интервју за телевизија Сител.

Тој рече дека „универзалниот снабдувач, а кој претходно имаше маржа 11%, сега има маржа 9,9%, што значи дека кога сето тоа ќе се стави во конечната формула очекувам да нема поскапување на цената на електричната енергија за крајните корисници“.






Според Мицкоски, друг проблем е што цената на дистрибуцијата, тоа е ниско-напонското ниво на кое исто така е ЕВН сопственик и цената на преносот каде е МЕПСО, односно државната компанија МЕПСО се нивелираат еднаш годишно.

– Тоа е на почетокот на годината, не може сега да ги нивелираме односно на пола година. Само цената на електричната енергија со која што компанијата која конкурира на тендерот ја испорачува до снабдувачот може да се нивелира. Тоа е во случајот ЕСМ. ЕСМ нема според закон обврска да испорача 100%, дури нема обврска николку проценти да испорачува. Поентата е дека сето она кое сега се случува може да се корегира и ќе се корегира на први јануари – рече Мицкоски.

Јас жалам, укажа Мицкоски, што има експерти кои велат дека би можела владата сега да прави промени.

– Јас би сакал да слушнам какво е тоа решение и веднаш ќе го имплементираме ама да не го загрозиме снабдувањето на потрошувачите. Ако се прекине тендерот ќе го загрози снабдувањето на потрошувачите затоа ветувам дека при следното нивелирање на први јануари истата ќе биде вратена со тенденција да ја намалиме – изјави Мицкоски.

Претходно експерти побараа владата на првата седница да реагира и да ја намали цената на струјата од 1 јули.

Поврзани содржини